ПРВ.мк
Македонија

Возачи, внимание: Еве до кога ќе има засилени контроли,за мобилен телефон при возење

Возачи, внимание: Еве до кога ќе има засилени контроли,за мобилен телефон при возење

Од 5 до 11 октомври низ Македонија се спроведуваат засилени сообраќајни контроли, при што посебно внимание ќе биде насочено кон непрописното користење мобилни телефони и други електронски уреди додека се учествува во сообраќајот, објави Скопје1.мк.

Контролите се дел од меѓународната кампања „Focus on the Road“ на ROADPOL, која во истиот период се спроведува во вкупно 34 европски држави.

Целта на акцијата е да се намалат ризиците што произлегуваат од одвлеченото внимание на возачите и да се подобри безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Од Министерството за внатрешни работи потсетуваат дека пишувањето пораки, разговарањето на телефон, проверувањето известувања или користењето социјални мрежи за време на возење може значително да го намали вниманието на возачот.

Како што посочуваат од МВР, понекогаш се доволни само неколку секунди невнимание за возачот да не ја забележи опасноста навреме или да нема доволно време соодветно да реагира.

Министерството апелира до возачите, но и до останатите учесници во сообраќајот, да се однесуваат одговорно и вниманието целосно да го насочат кон патот.

Пораката од МВР е јасна – телефонот може да почека, но безбедноста во сообраќајот не.