ПРВ.мк
Македонија

Газдата на „Дурмо турс“ пак бара да му се одложи одењето во „Идризово“ – еве што е причината овојпат!

Газдата на „Дурмо турс“ пак бара да му се одложи одењето во „Идризово“ – еве што е причината овојпат!
Kristal

Дурмиш Белули, сопственикот на гостиварската транспортна компанија „Дурмо турс“, кој е осуден на десет години затвор за автобуската трагедија кај Ласкарци во која загинаа 16 лица, повторно побара одложување на издржувањето на казната.

Барањето било доставено до Основниот суд во Гостивар заедно со лекарски извештај од доктор-специјалист, во кој се наведува дека по оперативен зафат извршен на 1 декември, Белули му е потребно постоперативно мирување во траење од најмалку 20 до 30 дена.

Судијата Ќирко Михајлоски изјави дека судот ќе побара дополнителна изјава од докторот кој ја извршил операцијата, по што ќе донесе конечна одлука пред истекот на рокот. Според претходната одлука на судот, Белули требаше денеска да се јави во КПУ „Идризово“ на издржување на казната.

Паралелно, второобвинетиот Ремзи Мифтари, шеф на возниот парк во „Дурмо турс“, сè уште е во бегство, а по него е распишана потерница.

Случајот со трагедијата кај Ласкарци продолжува да предизвикува реакции во јавноста, особено поради повторливите одложувања и неизвршувањето на правосилно изречените казни.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape