Градската инфраструктура во Кавадарци добива уште еден значаен објект. Градежните активности за изградба на новиот кружен тек на Северен Булевар се во напредна фаза и се одвиваат со засилено темпо.
Овој важен сообраќаен проект се реализира со поддршка и донација од компанијата „Лидл“, која преку оваа соработка дава директен придонес за развој на модерна, побезбедна и поефикасна урбана средина во Кавадарци.
Новото сообраќајно решение на Северен Булевар има за цел да го подобри протокот на возила, да го намали метежот и да овозможи подобро и поедноставно движење низ овој дел од градот.
Клучни придобивки за граѓаните на Кавадарци:
- Побрз сообраќај: Помал метеж и покранто време на чекање на булеварот.
- Поголема безбедност: Поголема прегледност и заштита за возачите и пешаците.
- Подобра поврзаност: Олеснета сообраќајна комуникација и подобар пристап до клучните делови од градот.
Со реализацијата на овој проект, Кавадарци продолжува со засилените инвестиции во локалната инфраструктура кои носат подобро и поквалитетно секојдневие за сите жители.









