ПРВ.мк
Македонија

Попоски најавува голема промена: По 28 степени следуваат поројни дождови и грмежи

Попоски најавува голема промена: По 28 степени следуваат поројни дождови и грмежи

Почетокот на седмицата во Македонија ќе помине во знакот на сончево време, студени утра и релативно високи дневни температури, но веќе од крајот на неделата се очекува значителна промена.

Според прогнозата на метеорологот Славчо Попоски, до среда, 7 октомври, времето ќе остане претежно сончево. Ноќите и утрата ќе бидат мирни и без ветер, додека во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринските температури низ земјава ќе се движат од -1 до 8 степени, а во Беровскиот регион локално можат да бидат и пониски.

Во текот на денот, пак, ќе биде значително потопло, со максимални температури од 21 до 28 степени.

Слично време се очекува и во Скопје и околината. Утрата ќе бидат релативно студени, со температура околу 5 степени, додека дневната температура ќе се искачува до околу 27 степени.

Промената на временската состојба ќе започне од четврток, 8 октомври, кога над Македонија ќе има повеќе облачност, а утринските температури ќе почнат да растат.

Од петок, 9 октомври, како и во текот на продолжениот празничен викенд, се очекуваат локални врнежи од дожд.

Според Попоски, на одредени места врнежите може да бидат поројни и проследени со грмежи, а ќе има и засилен ветер.

Така, по неколкуте сончеви и релативно топли денови со температури до 28 степени, крајот на седмицата ќе донесе понестабилно и дождливо време.