Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека загадувањето на воздухот е проблем со децении, кој не се однесува само на главниот град, туку на целата држава.
Тој додаде дека, за разлика од минатото, сега се преземаат чекори кои на долг рок ќе придонесат за решавање на проблемот.
















