Украинскиот претседател Володимир Зеленски понуди привремено божиќно примирје, но Русија го отфрли предлогот, оценувајќи го како обид на Киев да добие време за прегрупирање и продолжување на воените дејствија.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека Москва не е заинтересирана за привремени решенија кои само би ја одложиле неизбежната завршница. „Ние сакаме мир. Не сакаме примирје за да ѝ дадеме пауза на Украина и да ја подготвиме за продолжување на војната“, нагласи Песков.
Тој додаде дека Русија е подготвена да седне на преговарачка маса само доколку постои искрена волја за постигнување траен договор, а не за краткорочни и неодржливи паузи во конфликтот.
















