ПРВ.мк
Црна Хроника

Одмор од соништата што се претвори во кошмар: Измама тешка 6.000 евра

Одмор од соништата што се претвори во кошмар: Измама тешка 6.000 евра
Kristal

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 33-годишниот Е.Б. од Куманово, поради сомнение дека сторил кривично дело „измама“, откако на две семејства им ветил организиран одмор, но им ги земал парите без да обезбеди аранжман.

Според информациите од полицијата, осомничениот лажно се претставувал како вработен во туристичка агенција од Куманово и на тој начин ги довел во заблуда оштетените лица. Тој им понудил резервација за летување во Република Турција за две семејства, при што од нив наплатил вкупно 373.890 денари, односно околу 6.000 евра.

Наместо ветуваниот одмор, семејствата останале без уплатените средства, по што случајот бил пријавен во полиција. По спроведената истрага, против осомничениот е поднесена кривична пријава за измама.

FixCredit
Escape