ПРВ.мк
Македонија

Побрза и попрецизна дијагностика: Нова приватна лабораторија во Велес

Побрза и попрецизна дијагностика: Нова приватна лабораторија во Велес
Kristal

Велес од вчера е побогат за нова, современо опремена приватна дијагностичка медицинска лабораторија. Со работа официјално започна специјалистичката лабораторија ПЗУ „Ве лаб дијагностик“, сместена на локација спроти театарот, со што на граѓаните им се овозможува полесен пристап до квалитетна лабораториска дијагностика.

Лабораторијата е опремена со модерна медицинска технологија и ангажира стручен кадар, а нејзината примарна дејност е изведување широк спектар биохемиски анализи. Пациентите можат да извршат испитувања како крвна слика, анализа на урина, глуциден статус, липиден профил, хормонални испитувања, тумор-маркери, алерголошки тестови, како и други лабораториски параметри важни за превенција и следење на здравствената состојба.

Покрај класичната биохемиска дијагностика, ПЗУ „Ве лаб дијагностик“ нуди и микробиолошки и молекуларно-медицински анализи, кои се реализираат преку соработка со современи надворешни лаборатории. Со ова значително се проширува опсегот на услуги достапни за пациентите од Велес и околината.

Од установата информираат дека во моментот лабораторијата не е во договорен однос со Фондот за здравствено осигурување, но во наредниот период се планира склучување договор со Фондот. Дополнително, најавено е и проширување на дејноста преку отворање на нови специјалистички ординации.

FixCredit
Escape