Соединетите Американски Држави дадоа зелено светло за продажба на вооружување на Тајван во вредност од приближно 11,1 милијарди долари, со цел да ги подобрат одбранбените капацитети на островот. Според агенцијата за соработка во одбраната и безбедноста на САД (DSCA), овој пакет опрема ќе придонесе за одржување на стабилноста, воената рамнотежа и економскиот развој во регионот.
Продажбата вклучува самоодни хаубици и придружна опрема со вредност од 4,03 милијарди долари, артилериски ракетни системи со висока мобилност – 4,05 милијарди долари, како и софтвер, опрема и услуги за тактички операции во вредност од 1,01 милијарда долари. DSCA нагласува дека Тајван е способен да ја интегрира новата опрема во своите вооружени сили без проблеми, а истовремено нема да се наруши воената рамнотежа во регионот.
Пекинг најверојатно ќе ја критикува оваа одлука, бидејќи Кина го смета Тајван за дел од својата територија и не признава официјални воени трансакции со островот. Од страна на тајванскиот претседател Лаи Чинг-те, беше истакнато дека дополнителниот одбранбен буџет за периодот 2026-2033 година ќе се користи за купување ново оружје од САД и за јакнење на одбранбените способности, со цел зачувување на демократскиот систем на Тајван.
















