ПРВ.мк
Свет

(Видео) Ајкула стана вистинска сензација – повеќе од милион луѓе дошле да ја видат

(Видео) Ајкула стана вистинска сензација – повеќе од милион луѓе дошле да ја видат

Ајкула која веќе речиси три недели престојува во тесен канал во крајбрежен парк во јужнокорејскиот град Бусан стана вистинска туристичка атракција и досега привлекла повеќе од еден милион посетители.

Животното било забележано во каналот на 18 септември, а локалните жители му го дале името „Бук-анг-и“, според Северното пристаниште.

Според податоците на градските власти, повеќе од 1,02 милиони луѓе го посетиле паркот откако ајкулата се појавила таму, пренесува „Јонхап“.

Локалната поморска полиција и надлежните служби првично се обиделе да ја насочат кон отворено море. Подоцна била организирана и спасувачка операција поради загриженост дека долгиот престој во ограничениот простор би можел да влијае врз нејзината состојба.

Првиот посериозен обид бил направен на 29 септември, кога пет пловила со млазови вода се обидувале да ја насочат ајкулата кон излезот од каналот.

Операцијата траела околу пет часа, но ајкулата успешно ги избегнувала водените млазови, по што акцијата била прекината.

При вториот обид спасувачите употребиле мрежа долга 50 метри и висока 6,8 метри. Мрежата, сепак, се заглавила на дното, а ајкулата повторно не го напуштила каналот.

На крајот, тимот ја отстранил мрежата со надеж дека животното само ќе го пронајде патот кон отворено море, но и овој обид останал без резултат.

Од Националниот институт за наука за рибарството информираат дека состојбата на ајкулата се следи секојдневно и дека засега не се забележани сериозни здравствени проблеми.


Видео: