ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) КАРАМБОЛ ВО СОБРАНИЕТО: Тупаници и остри зборови меѓу пратениците!

(ВИДЕО) КАРАМБОЛ ВО СОБРАНИЕТО: Тупаници и остри зборови меѓу пратениците!

Седницата на Националното собрание на Ерменија била прекината откако политичката расправа меѓу пратеници од фракциите „Граѓански договор“ и „Силна Ерменија“ прераснала во физички конфликт.

Според „Арменпрес“, на инцидентот му претходела жестока дискусија меѓу пратеникот Едгар Газарјан и претседателот на парламентот, Рубен Рубинјан.

Газарјан ја критикувал работата на претседателот на Собранието и начинот на кој се утврдува дневниот ред. Рубинјан, пак, му го исклучил микрофонот, со образложение дека пратеникот зборува за прашања кои не се дел од дневниот ред.

По продолжувањето на меѓусебните обвинувања во салата, ситуацијата ескалирала и дошло до физички конфликт меѓу пратениците. Поради инцидентот била прогласена пауза во работата на парламентот.

По продолжувањето на седницата, Рубинјан повторно го предупредил Газарјан поради повеќекратното нарушување на текот на работата. Тој му посочил дека може да биде отстранет од салата, првично во траење од еден ден, а доколку продолжи со прекинувањето на работата, и до седум дена.

На дневен ред на седницата било утврдувањето на бројот на членови на истражната комисија која се занимава со прашања поврзани со Ерменската црква.

Пред пратениците биле и предложени измени на Законот за празници и спомен-денови на Република Ерменија.

Наместо планираната парламентарна расправа да се одвива без прекини, седницата била прекината по физичкиот конфликт меѓу пратениците.

ВИДЕО